Маричиќ: Предлозите на ВМРО-ДПМНЕ за одложено дејство на уставните измени се нереални и се замајување на јавноста

t

Во врска со предлозите на ВМРО-ДПМНЕ за одложено дејство на уставните измени, првиот вицепремиер и секретар за меѓународна соработка Бојан Маричиќ посочи дека тоа не се реални предлози, туку за замајување на јавноста тие заблуди на ВМРО-ДПМНЕ скапо ќе бидат платени.

„Единствен начин да ги тргнеме крупните прашања со Бугарија од маса е да ги завршиме уставните измени. После тоа Бугарија нема да има политичка сила и разбирање да наметне второ вето на било кое прашање. Затоа што во текот на разговорите ние бевме прашани од французите кое е за нас најважното прашање. А ние одговоривме да не се разговара за темата македонски јазик, и се прифати така како што е македонски јазик, без фусноти и додавки, и да покаже Бугарија дека нема против, со тоа што ќе го потпише ФРОНТЕКС на македонски јазик, што и се случи,“ рече Маричиќ.

Тој посочи дека на прашањето упатено до бугарите што е најважно за нив, тие истакнале дека за нив тоа е влезот на бугарите во македонскиот Устав, онодно во Преамбулата.

Во однос на историските прашања, тој истакна дека може да сзе врзат само со историската комисија.

„Одлагањето на прашањето со уставните измени само не држи во истиот проблем,“ рече Маричиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Палчо ќе добие адвокат по службена должност

Веднаш штом беше екстрадиран од Турција, Љупчо…

(Фото) Куманово е во бело – погледнете…

Интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер попладнево…

(Видео) На ова место во Скопје жителите…

Невреме проследено со пороен дожд и град…

„Димитриевски покажа карактер со тоа што не…

Столе Димитриевски од наредната сезона ќе го…

Русија започна вежби со тактичко нуклеарно оружје

Претседателот Владимир Путин ги нареди вежбите претходно…