Билјана Ванковска деновиве стана баба по втор пат, мајка на три ќерки

t

андидатката за Претседател на државата, професорката Билјана Ванковска од партијата Левица, во приватниот живот е мајка на три ќерки. Има и внук и внука, која неодмна се роди. Во емисијата „Стадион“ на Канал 77, Ванковска сподели размислувања за воспитувањето на децата и односот кон професијата.

-На моите деца им велев: „Одбере го она што го сакате – бракот може да се растури, но професијата ве следи цел живот, од неа вадите езгизстениција и треба да ја сакате“. Не сум влијаела врз нив, ниту сум им дишела во врат, ниту ми било важно дали ќе имаат петки. Во една прилика малата ќерка ме праша дали да одбере лукративна професија што не ја сака или некоја што ја сака и не ѝ носи пари – повеќето родители ќе одоговарат да одбере професија што носи пари. Но ѝ реков – работата, професијата ќе те следи цел живот и треба одбереш нешто што сакаш“, рече Ванковска.

Двете постари ќерки на Ванковска се во природните науки. Најстарата е професор по биохемија во Отава, средната е доктор по неролологија на Мекгил во Монтреал, Канада, додека најмладата избрала социјална психологија на универзитетот Утрехт во Холандија.
Ванковска живее со партнер, кој како и неа е човек од науката. Рече дека е голем љубител на спортот, но многу ретко одела на фудбалски натпревари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото+Видео) Од силното невреме, побеле ,,Скопска Црна…

Силно невреме пред малку зафати некој делови…

Почина 65-годишен осуденик од затвор Идризово

Денеска рано утринава во 02.30 часот во…

Трагедија: Тело на машко лице извадено од…

Тело на машко лице синоќа било извадено…

Измамена баба од Македонија: „Внук ви згази…

На 20.05.2024 во ОВР Кочани, 75-годишна жена…

Палевски спроведен во Кривичниот суд – Не…

Љупчо Палевски Палчо попладнево е однесен пред…