Ванковска: Раскинување на Договорот со Бугарија, преиспитување на Преспанскиот, постапка за излегување од НАТО

t

Раскинување на Договорот со Бугарија, преиспитување на Преспанскиот, постапка за излегување од НАТО алијансата. Ова се дел од плановите на кандидатот за претседател на државата од Левица, Билјана Ванковска со кои бара доверба од граѓаните.

Таа беше со жителите на Прилеп. Им рече дека мултивекторската политика ќе биде фокусирана на економијата, развојот и инвестициите. Од градот под Марковите кули, Ванковска изјави дека на Македонија не ѝ треба инвестирање во туѓи војни.

Ванковска посочи дека во овие неколку дена од кампањата наишла на слична слика, испразнети градови и разочарани родители чии деца заминале во странство.

Таа смета дека е неопходна јавна дебата на сите претседателски кандидати.

Под мотото „Го враќаме достоинството на нацијата“, карванот на Ванковска беше во Прилеп и Демир Хисар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Внимавајте, зголемен водостојот на реката Лепенец!

Центарот за управување со кризи предупредува дека,…

Вучиќ: Не очекувавме дека некои земји ќе…

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Њујорк…

ДИК: Прегласувањето на болните, немоќните лица и…

Државната изборна комисија (ДИК) за денешното прегласување…

Мицотакис со нови закани до Македонија ако…

Сакам и овде, на неколку километри од…

Земјоделци од селата Иловица и Штука го…

Земјоделци од селата Иловица и Штука во…