Непалци и Филипинци работат во рестораните низ Струга и Охрид

t

Непалци и Филипинци се вработуваат во угостителските објекти во Охрид. Нивниот број се очекува да се зголеми со туристичката сезона- а сопствениците на бизниси за да ги ангажираат треба да исполнат одредени услови, да потпишат договори со нив со важност од најмалку една година, да им обезбедат сместување и еден платен оброк во текот на денот, но и пристојни плати.

„Има готвачи, помошници готвачи, келнери кои знаат јазик и се надеваме дека ќе имаме успешна сезона со тие вработени.Им нудиме солидна плата, сместување и јадење, тоа е во рамки на работните часови и сите законски регулативи.Ние 90 % работиме со странци и англискиот јазик ни е важен и сите кои ќе дојдат знаат англиски јазик“, рече Муса Рашид-сопственик на хотел.

Но Рашид вели дека било тешко да се донесат овие луѓе.

„Тешко беше да се донесат бидејки кај нас администрацијата е бавна, па затоа моравме да најдеме агенција за вработување од Србија или од други земји, за да можеме да ги донесеме преку нив“, доаде Муса Рашид-сопственик на хотел.

Угостителите се свесни дека единствен начин да ги вратат оние кои летните месеци заминуваат во Хрватска е да ги зголемат платите, но велат дека засега не можат да го достигнат европскиот стандард.

„Се надевам дека ќе најдеме некој модус операнди,дел од луѓето кои што планираат да заминат да ги задржиме овде со повисоки плати и поголеми бенефити. Јас лично сметам дека доколку оние плати кои се даваат на странците,се даваат на локалниот персонал, нашиот персонал нема ни да има потреба да оди надвор“, рече Ана Јанчева-менаџер на хотел во Струга.

Околу 1000 странци се очекува летово да пристигнат за работа во туристичките центри.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Силјановска: Се молиме здравјето на словачкиот премиер

И македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова реагираше…

МВР потврди: Екстрадиран Љупчо Палевски, пренесен е…

Екстрадиран Љупчо Палевски, пренесен е во КПУ…

(Фото-галерија) ЉУПЧО ПАЛЕВСКИ ЕКСТРАДИРАН ВО МАКЕДОНИЈА!

Првообвинетиот за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска…

(Видео) АТЕНТАТОРОТ НА СЛОВАЧКИОТ ПРЕМИЕР: Пукав зошто…

На социјалните мрежи е објавено видео на…

(Видео) Палевски со необележан полициски конвој од…

Љупчо Палевски со необележан полициски конвој под…