Објавено на:

Запалена сува трева е причината за пожарот под Кале во кој изгореа пет автомобили

t

Пет патнички возила се зафатени со пожарот што избувна попладнево на поранешниот полигон за полагање возачки испити под Кале, а во неговото гаснење беа вклучени четири противпожарни возила и 13 пожарникари. Според првичните наоди, причината за пожарот е запалена сува трева. Беше локализиран од тим од 12 пожарникари.

-Околу 13 часот и 25 минути во СВР Скопје е пријавено дека на дивиот паркинг кај поранешниот полигон настанал пожар пришто горела сува трева. Притоа, од пожарот опожарени се пет моторни возила. Повредени лица нема. Пожарот е локализиран, а по насоки на инспектор од СВР Скопје, се повикуваат сопствениците на возилата кои ги оставиле на дивиот паркинг. Ќе се врши увид и документирање од страна на СВР Скопје – соопштија од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Со 2,78 промили алкохол во крвта бил…

На 03.10.2026 во 01:00 часот полициски службеници…

Претреси низ Скопје и Тетово, приведени се…

Вкупно 19 луѓе биле приведени во текот…

Возрасни мажи се карале, па едниот го…

На 02.10.2026 во 10:30 часот во ПО…