Грција ќе и ги даде на Украина своите противвоздушни системи само ако во замена добие американски
Грција нема да ги пренесе во Украина руските системи за противвоздушна одбрана што се во посед на грчките оружени сеили, без притоа да ги замени со слични западни системи.
Во замена за своето оружје што би требало да го испрати во Уктаина, Грција бара замена за слично оружје од САД.
Како што е случајот со сите системи на оружје, при нивно стекнување постојат законски обврски во однос на нивната продажба или пренос“, изјави шефот на Министерството за национална одбрана на земјата, Никос Дендиас.
Одговарајќи на новинарско прашање дали од Грција било побарано да ги испрати системите ТОР-M1, Оса-AKM и С-300 за потребите на Украина, Дендиас одговори дека „не може да стане збор за нивно повлекување од националниот систем за противвоздушна одбрана на Грција, каде што се целосно интегрирани, без да има нивна замена со системи со слични или супериорни борбени способности“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…
Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…
ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…
Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…
Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…
„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…
Првите Ф-16 пристигнаа во Украина
Првата серија американски ловци Ф-16 пристигна во…