(Видео) Ковачевски: ЕУ е нашата единствена алтернатива со која се можни позитивни промени за Македонија

t

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, денеска се сретна со граѓаните од општина Центар, со кои разговараше за потребата и придобивките од членството во ЕУ.  

Ковачевски потенцираше дека со правилните политики на СДСМ, Македонија стана членка на НАТО и ги отпочна преговорите со ЕУ. Членството во ЕУ на земјата ѝ е потребно заради тоа што граѓаните сакаат да имаат држава со подобар економски стандард, со подобро образование, со подобро здравство, со подобро владеење на правото, со помалку корупција, односно држава по европски стандарди како што ја сакаат и како што ја заслужуваат, рече Ковачевски.

По средбите со граѓаните, во изјава за медиумите, Ковачевски посочи дека е навистина загрижен затоа што дел од нашите граѓани се заморени од процесот на интегрирање на процесот на ЕУ, од неговото траење.

„Да бидам искрен и јас го чуствувам тој замор понекогаш, но ние како држава друга алтернатива немаме. И затоа велам дека нема откажување од конечната цел, Македонија да стане држава со повисок животен стандард, држава со врвно владеење на право, држава во која има врвна борба против корупцијата и држава која едноставно ќе ги има сите стандарди на живеење како земја членка на ЕУ. 

Ние се бориме за тоа, ние како Коалиција за европска иднина ги имаме токму тие вредности, имаме конкретен план како тоа да го оствариме”, рече Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…

Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…

Со честитка по повод Денот на независноста…

Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…

Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…

Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…

Растот на индустриското производство во вториот квартал…

Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…