НСДП најостро го осудува бруталното полициско апсење на новинарот Фуркан Салиу!

t

НСДП најостро го осудува бруталното полициско апсење на новинарот Фуркан Салиу!

Фуркан Салиу е новинар кој го откри Планот на ВМРО-ДПМНЕ за ширење на лажни вести, објавување на анкети договорени во партиски кујни, планот за злоупотреба на пари на граѓаните од општините за финансирање на кампањата на опозициската партија, за злоупотреба на јавниот радиодифузен сервис за партиска пропаганда, за крадење на списоци со податоци за вработени во јавната администрација, списоци со пензионери, корисници на социјална парична помош и други социјални права.

ВМРО-ДПМНЕ преку нивниот министер за внатрешни работи во техничката влада и началниците кои ги поставија продолжува во пракса да го спроведува едно од трите П кои се нивен заштитен знак (пари, пропаганда и пендрек), очигледно негова надлежност е ПЕНДРЕКОТ.

Откако им протекоа плановите за злоупотреба на институциите за изборни цели на најбрутален начин повторно го употребија „пендрекот” при апсењето на новинарот Фуркан Салиу и тоа со специјалци со полна полициска опрема. ВМРО-МВРО уште еднаш го покажа вистинското лице,  како планираат да владеат и како ќе се однесуваат кон оние кои јавно ги откриваат нивните афери.

Преку апсењето на Фуркан Салиу тие покажаа како ја замислуваат слободата на медиумите и слободната и независна новинарска мисла.

На ист брутален полициски начин го апсеа Љубе Бошковски на еден ден по изборите во јуни 2011 година, за искажан новинарски збор во затвор лежеше Томче Кежаровски, со полиција упаднаа и ја затворија А1 Телевизија, вчера истата политичка структура го уапси Фуркан Салиу.

Начинот на нивното постапување покажува дека ВМРО-ДПМНЕ ниту се реформирани кадровски, ниту ги реформираа политиките, туку останаа заробена партија која ја управува Мицковски и луѓе од подземјето и олигархијата, кои се служат со насилие, уцени и закани.

Граѓаните на 24 април и на 8 мај ќе го дадат гласот за прогресот, за напредокот, за слободата на мислата, за слободните медиуми како глас на граѓаните и критичари на власта, за просперитетна европска иднина.

Нема враќање назад, нема откажување од иднината!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НСДП во Собранието ќе делува опозициски

Централниот одбор на Нова социјалдемократска партија –…

НСДП најостро го осудува бруталното полициско апсење…

НСДП најостро го осудува бруталното полициско апсење…

НСДП останува во коалиција со СДСМ: „Следува…

НСДП донесе политичка одлука за учество на…

НСДП: Ако се спроведе референдумот ќе биде…

Сметаме дека доколку референдумот се спроведе ќе…

НСДП бараат Собранието да го поддржи францускиот…

„Собранието да ги поддржи заклучоците, Македонци кои…