Песков: Де факто постои воен сојуз меѓу Јапонија и САД
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека „де факто“ воен сојуз меѓу Јапонија и САД веќе постои и дека нема ништо ново во овие планови.
„Нема пресврти или вести, постои де факто одбранбен сојуз и знаеме за американскиот воен потенцијал што постои на јапонска територија, толку блиску до нашите граници. Секогаш беше камен на сопнување“, рече Песков, а пренесува РИА Новости.
Јапонија, САД, Австралија и Филипините вчера ги спроведоа првите заеднички поморски вежби во Јужното Кинеско Море во ексклузивната економска зона на Филипините.
Вчера се одржа и трилатерален самит на САД, Јапонија и Филипините, посветен на подобра координација за прашањето за Јужното Кинеско Море.
Американскиот претседател Џо Бајден на 11 април во Вашингтон ќе ги пречека јапонскиот премиер Фуми Кишида и филипинскиот претседател Фердинанд Маркос Џуниор, со кои ќе разговара за економските односи во индо-пацифичкиот регион.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ денес слави четири години лаги со…
ВМРО-ДПМНЕ денес слави четири години лаги со…
Арсовска: Во право е Кочоска, не нѐ…
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска…
Трамп побара „безусловна капитулација“ од Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп побара „безусловна капитулација“…
Израел нема да прекине додека не го…
Израелската операција против Иран „нема да заврши…
Израел со 60 авиони го нападна Иран
Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни…