Објавено на:

ДРАМА ВО СЕЛОТО ЗЛОТ ПО УБИСТВОТО НА МАЛАТА ДАНКА: Инспекторите со мистериозни вреќи влегоа во куќата на осомничениот за убиството

t

Инспектори на Управата за криминалистичка полиција (УКП) влегле во куќата на Дејан Драгијевиќ (50), еден од осомничените за свирепото убиство на 2-годишната Данка Илиќ која исчезна во приградската населба Банско Поље кај Бор. Инспекторите носеле неколку вреќи, а со нив биле донесени маж и девојка, пренесува Мондо.рс

– Заедно со нив во куќата се внесени помлад маж и девојка. Сè уште не се знае во какво својство се внесени – потврдува за српскиот медиум изворот од селото.

Потрагата по телото на 2-годишното девојче за кое осомничените тврдат дека ја убиле, а телото го фрлиле или го закопале, сè уште трае. Полицијата го пребарува кањонот на реката Лазарева и во пештерата Лазарева кај Злот каде има јами и стрмни карпи кои досега не се истражени.

Двајцата осомничени за кои е потврдено дека со службено возило „фијат панда“ го прегазиле девојчето, а потоа го убиле, засега не го откриваат точното место каде што го закопале телото на 2-годишната Данка. Во меѓувреме додека трае потрагата по телото на девојчето, полициското одделение во Бор, изненадно почина Далибор Драгијевиќ (40) брат на еден од осомничените убијчи за кого постоеше сомнение дека заедно со неговиот татко Радослав му помагале на неговиот брат Дејан да го премести телото на брутално убиената Данка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трагедија: Тело на машко лице извадено од…

Тело на машко лице синоќа било извадено…

Измамена баба од Македонија: „Внук ви згази…

На 20.05.2024 во ОВР Кочани, 75-годишна жена…

Палевски спроведен во Кривичниот суд – Не…

Љупчо Палевски Палчо попладнево е однесен пред…

ОЈО предложи мерки на претпазливост за Иџет…

Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за…

Ја натепал и затворил, ѝ извадил нож……

Три случаи на семејно насилство се регистрирани…