Костадиновска Стојчевска: Нема жртви при пожарот во Универзална, објектот е осигуран и ќе продолжи да се гради
Жалам што денес сме овде со оваа причина. Вознемирена сум од ова што е позади нас. Пожарот е локализиран и изгаснат. Барам брзо постапување од страна на институциите, изјави министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска за пожарот што ја зафати Универзалната сала.
Министерката апелира да не се излегува со шпекулации за причините за пожарот. Според неа, нема жртви и починати лица, односно целиот објект бил празен.
-Ќе се утврди материјалната штета пред да се продолжи со понатамошни градежни активности и ќе се утврди причината. Објектот е осигурен, истакна Костадиновска-Стојчевска.
-За настаниот пожар ќе ве известуваме тековно и редовно за да има информации што точно се случи, за да се избегнуваат шпекулации, додаде министерката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бомбакис и Бисера со моќна порака од…
Бомбакис, човекот кој испраќа порака преку неговите…
(Фото) Скандал: Салата Парк во Струмица е…
До редакцијата на Инфомакс стигнаа фотографии и…