Објавено на:

Русија побара состанок на одборот на МААЕ поради нападите врз нуклеарката Запорожје

t

Централата, која е најголема во Европа, завчера беше нападната со дронови кои ја погодија зградата на еден од реакторите, соопшти МААЕ, додавајќи дека нуклеарната безбедност не е засегната.

Русија и Украина постојано меѓусебно се обвинуваат за напади врз нуклеарната централа Запорожје и двете страни го негираат.

Рускиот амбасадор во МААЕ, Михаил Улјанов, синоќа изјави дека неговата земја свикала итен состанок на Управниот совет „во врска со најновите напади и провокации на вооружените сили на Украина против нуклеарната централа Запорожје“.

МААЕ се уште не го потврди датумот на состанокот. Правилата на Управниот совет наведуваат дека секоја земја во него, вклучително и Русија, може да свика состанок. Среда е слободен ден во Обединетите нации во Виена поради муслиманскиот празник Рамазан бајрам, со кој се одбележува крајот на светиот месец Рамазан.

Управниот совет е највисокото тело за одлучување на МААЕ и се состанува повеќе од еднаш годишно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ја натепал и затворил, ѝ извадил нож……

Три случаи на семејно насилство се регистрирани…

Врховниот судија Наке Георгиев спроведен во Кривичниот…

Врховниот судија Наке Георгиев попладнево беше спроведен…

Се намалува кредитирањето во долари во светот,…

Статистичкиот извештај на Банката за меѓународни порамнувања…

„Политико“: Амбасадата на САД во Лондон должи…

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Лондон…

Сообраќајни прописи во Грција на кои македонските…

Многумина летово ќе заминат на одмор во…