Димитриевски: Уставни измени за 20% или трансформација на Македонија за мене се неприфатливи

t

Караванот на Максим Димитриевски, каднидатот за Претседател на Македонија од Движење ЗНАМ – За наша Македонија, денеска беше во посета на полошкиот регион. Најнапред се задржа во Јегуновце. Тој пред насобраните граѓани рече дека претседателот за да биде реален заштитник на граѓаните и нивните интереси мора да излезе од граѓаните. Во спротивно е послушник на оној политички субјект кој го кандидира.

Зборувајќи за состојбите во државата, Димитриевски потенцира:

За мене уставните предлози за уставните измени во делот на менување на процентите за употреба на јазиците и дополнително уставни измени за трансформација на Македонија во држава којашто ќе биде на граѓаните, а не на македонскиот народ и на останатите етнички заедници, е неприфатлива. Затоа што со тој предлог некој свесно сака да не втурне во процес кој се нарекува, на долгорочен план, редефинирање на суштината на државата и редефинирање на државното уредување. Македонија единстено е Република и таква мора да остане. Уште од Крушево, преку АСНОМ, тоа со печат и потпис на нашите револуционери е потврдено“.

Димитриевски рече дека според него, со сите уставни измени кое се направени досега, Рамковниот договор во целост е исполнет. Но, за жал, додаде тој, во општеството се создава една голема фрустрација, особено кај македонскиот народ и македонските граѓани и истите сметаат дека се случува невидена албанизација на Македонија и продолжи:

Значи, во Македонија не се случува албанизација. Во Македонија се случува класична дуизација. Тие во текот на 20 години непрекинато се на власт, додека останатите политички субјекти се менуваат и ним им служат. За жал, Македонија се трансформираше во приватна држава. Тоа може да се смени по пат на избори. Македонскиот народ и македонските граѓани мора да се одважат, како што вие се одваживте денеска и излеговте во нескромен број на овој собир и да им кажеме дека е доста“.

Димитриевски на крајот порача:

Кога сте еден, сте сам. Кога сте двајца, тоа е веќе множина. Само единствено пат на математичка прогресија е до мнозинството. А ние тоа ќе го направиме на овие избори“.

Во текот на денот каравнот на Димитриевски ќе ги посети Теарце, Брвеница и Тетово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија избира претседател, близу 6,6 милиони граѓани…

Бугарија денес избира претседател. Право на глас…

Денес се празнуваат Светите маченици Тарах, Пров…

Тарах беше родум од Клавдиопол во Сирија;…

Метео: Видете какво ќе биде времето денес

Променливо облачно со повремени локални врнежи од…

ТРАМП НАЈАВУВА МОЖНО ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ВОЈНАТА СО…

Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва испрати ново…