Објавено на:

Додик: НАТО ги бомбардираше Србите, Република Српска никогаш нема да прифати членство

t

Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави дека нема наметната Босна и Херцеговина и дека таа може само да биде договорена, па така нема ни наметнато членство во НАТО, бидејќи Република Српска е страна која се прашува и која на такво нешто никогаш нема да се согласи.

„Денес е многу јасно дека не е добредојден ни кандидатскиот статус во НАТО кој муслиманите Бошњаци се обидуваат да го излобираат, а особено не е можно да се донесе одлука БиХ да се приклучи на тој сојуз. Тоа нема да се случи на легален начин“, порача претседателот на Српска.

На прашањето за коментар на апелот на Денис Беќировиќ до НАТО да упати повик за членство на БиХ и да се врати во воените бази во БиХ, Додик наведе дека тој ја злоупотребува позицијата на бошњачки член на Претседателството на БиХ, бидејќи на ја претставува БиХ во ниеден сегмент, туку е само еден меѓу еднаквите.

„Беќировиќ е муслимански, бошњачки лобист кој мисли дека само програмата која тој ја заговара е во интерес на БиХ и затоа и прави лажни конструкции дека речиси сите граѓани во БиХ се за влегување во НАТО, што е обична лага“, истакна Додик.

Тој наведе дека официјална политика на БиХ за придружување во НАТО нема, а дека Српска нема да гласа за такво нешто, ниту ќе се изјаснува за тоа.

„НАТО ги бомбардираше Србите и не сакаме повторно тоа да се случи. Ние не можеме од таа причина да прифатиме членство и мислам дека тоа е принципиелен и политички коректен став, имајќи предвид дека ние сме структура која се прашува во БиХ во врска со воените сојузи“, кажа Додик.

Тој истакна дека Република Српска јасно кажала дека неутралноста кон кој било воен сојуз е нејзиниот став кој постојано го застапува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Воздухопловните сили на САД распоредија ловци Ф-22…

Воздухопловните сили на САД распоредија неколку стелт-ловци…

СИРИЗА: Го осудуваме новото „провокативно“ прекршување на…

Грчката опозициска партија СИРИЗА, на чие чело…

Столтенберг за нападот врз Фицо: Напад врз…

Генералниот секретар на НАТО – Јенс Столтенберг…

Во центарот на српските вооружени сили во…

Во центарот на српските вооружени сили за…

(Видео) Фицо уште во април зборуваше за…

Словачкиот премиер Роберт Фицо, кој беше застрелан…