Објавено на:

(Видео) Невидени поплави на Урал, Русија го обвинува Казахстан

t

Поплави ги погодија градовите низ Русија и Казахстан откако третата по должина река во Европа се излеа и поплави делови од рускиот град Оренбург, што предизвика евакуација на повеќе од 100 000 луѓе.

Поплави предизвикани од топењето на снегот погодија голем број градови во Урал, Сибир, регионот Волга и области на Казахстан, откако се зголеми нивото на водата на главните реки како Урал, кои се влеваат во Каспиското Море.

Стотици домови беа поплавени во Оренбург, град со околу 550 000 жители на околу 1 200 километри источно од Москва, а најмалку 7 700 луѓе се евакуирани бидејќи нивото на водата на Урал нагло се искачи над критичното ниво од 9,3 метри.

Снимката на Ројтерс покажува големи области во близина на градот под вода.

Сирените и специјалните телевизиски апели им укажале на жителите да ги евакуираат поплавените области, но некои луѓе избраа да останат и може да се видат на снимките како стојат на таваните од нивните домови.

Поплавите се многу сериозни во делови од Западен Сибир, каде што се очекува врвот на бранот на водата за три до пет дена, а во некои области околу Волга, најголемата река во Европа, соопшти тамошното Министерството за вонредни состојби.

Жителите на Оренбург велат дека ова е најголемата поплава на која можеле да се сетат, а руските власти рекоа дека тоа е најлошата поплава што некогаш била забележана.

Казахстан објави дека се евакуирани 96 000 луѓе. Русија соопшти дека 10 500 куќи се поплавени во 37 региони, главно во областа Оренбург. Во рускиот планински град Орск пукнала и брана на реката Урал.

Во Казахстан луѓето направиле насипи преку ноќ.

Руските службеници за вонредни состојби рекоа дека земјата била полна со вода пред зимата и замрзнала под обилниот снег, кој потоа многу брзо се стопил поради брзото зголемување на пролетните температури и обилните дождови.

Руските медиуми го цитираа Владимир Јакушев, претседателски претставник за регионот на Урал, кој рече дека Казахстан е одговорен за поплавите, бидејќи не го координирал поефикасно испуштањето на водата.

Рускиот претседател Владимир Путин разговарал со неговиот казахстански колега Касим-Јомарт Токаев за поплавите.
Кремљ соопшти дека најлошото допрва доаѓа за сибирските Тјумен и Курганските региони на Урал.
Сирените во Курган, град на реката Тобол, ги предупредија луѓето веднаш да го напуштат градот.

Гувернерот на регионот Курган изјави дека 4 500 луѓе се евакуирани од своите домови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп ја прифати поканата на Бајден за…

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска ја…

(Видео) Запленети 4,8 килограми злато при влез…

Царински службеници запленија 4,8 килограми златен накит…

Нетанјаху: Израел не е вазална држава, во…

Еден ден откако американскиот претседател Џо Бајден…

Не бе нечини: За две децении 10-те…

Десетте земји кои станаа членки на ЕУ…