Денеска се празнува Свети Марко Исповедник, епископ Аретусиски

t

За неговото страдање известуваат свети Григориј Богослов и блажениот Теодорит. Според тие извештаи Марко разурнал некој незнабожечки храм во времето на царот Константин и многумина ги превел во христијанската вера. Но, кога на царскиот престол седна Јулијан Отстапник, со отпаѓањето на овој цар од верата во Христа и некои аретуски граѓани се одрекоа од Христа и се вратија во незнабоштвото. Сега тие се кренаа на Марко затоа што им го разорил нивниот храм, па побараа или да им изгради храм или да им плати некоја поголема сума пари. Бидејќи старецот Марко се откажа да им направи како што бараа, го биеја, го навредуваа и го влечеа по улиците.

Потоа со тенок и јак конец му ги одрежаа ушите, а потоа го разголеа и го намачкаа со мед, па го оставија врзан за едно дрво на летната жега за да го касаат осите, комарците и стршлените. Христовиот маченик претрпе сè без збор. Беше сосем стар, а лицето му светеше како на Господов ангел. Незнабошците ја спуштаа цената за својот храм сè пониско и на крајот му побараа на маченикот една сосем незначителна сума којашто тој лесно можеше да им ја плати, но свети Марко одби да даде и најситна паричка за таа цел. Неговата трпеливост направи огромен впечаток врз граѓаните и за ова почнаа да му се восхитуваат и да сочувствуваат со него и заради ова ја спуштија цената на својот храм речиси на нула, само за да остане жив. Најпосле го пуштија на слобода и еден по еден повторно сите примија од него поука и се вратија во Христовата вера. За слично дело во тоа време пострада и ѓаконот Кирил од градот Илиопол под гората Ливан.

Тој беше разбил некои идоли за време на слободата на христијанството, и од Јулијан за ова беше луто мачен. Незнабошците беа толку озлобени на него, што кога го убија, со заби му ја распараа утробата. Истиот ден пострадаа со него и многумина други. Злобните незнабошци ги исекоа нивните тела на парчиња, ги помешаа со јачмен и им ги дадоа на свињите. Но, набрзо ги постигна казна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Не ми паѓа на памет да…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека…

79 години од бомбардирањето со атомска бомба…

Нагасаки  денеска ја одбележа 79-годишнината од американското…

Денеска се празнува Светиот великомаченик Пантелејмон

Родум од Никомидија, од мајка христијанка и…

Метео: Невреме со интензивен пороен дожд, грмежи…

Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…

(ВИДЕО) Украинските сили напредуваат во руската област…

Украинските сили постигнуваат незапирлив напредок во областа…