ДИК сѐ уште не ја потврди кандидатската листа на Арсовска и Нова Алтернатива
Неколку кандидатски листи, меѓу кои и на партијата Нова алтернатива, која неодамна ја презема актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, сè уште не се потврдени. Претседателот на ДИК, Александар Даштевски, во оваа насока информира дека партијата прави корекции и дека нејзините листи сè уште не се комплетирани, но потенцира дека роковите за исправки кои партиите треба да ги завршат се во тек.
„Неколку листи не можеа да бидат потврдени зашто не е завршена постапката заради одредени причини кои се однесуваат до политичките партии, а некои до државните органи кои треба да им доставуваат информации“,рече Даштевски.
На денешната седница на ДИК беа утврдени кандидатските листи на коалицијата „Европска иднина“ предводена од СДСМ, на коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ, на коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ, на Движењето За наша Македонија (ЗНАМ), на коалицијата „Вреди“ на опозициските партии на Албанците, на Левица, на коалицијата „Храбро за Македонија“ на ГРОМ, Интегра и ПЦЕР и на партијата Македонска Ера Трета.
Сите од нив имаат поднесено листи на кандидати за пратеници во сите шест изборни единици. Дел од останатите партии кои ќе учествуваат на изборите, како Демократи, Аваја, Твоја партија, Родина Македонија, Единствена Македонија-Европско граѓанско движење, имаат поднесено кандидатски листи во дел од изборните единици.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…