Тошковски тврдеше дека Салиу нападнал полицаец, но пријавен е дека спречувал полицаец во службени дејствија без објаснување како!
Иако министерот за внатрешни работи Панче Тошковски тврдеше дека има докази дека новинарот Фуркан Салиу на 7 април нападнал полицаец, додека овој го убедуваше дека не се случило такво нешто и оти во спротивно, ќе се откаже од новинарството, МВР не поднесе кривична и не за напад, туку за „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.
Во кусото соопштение нема детали како Салиу спречувал полицаец и дали тоа било толку опасно што беше однесен со лисици и држен во полициска станица.
„Ве известуваме дека по целосно документирање на настанот, на 11.04.2024 од страна на Единицата за насилен криминал при СВР-Скопје до ОЈО Скопје против лицата Н.Ј. и Ф.С. поднесена е кривична пријава за сторено кривично дело Спречување службено лице во вршење службено дејствие”, вели МВР.
Вообичаено, МВР кога поднесува кривична пријава до Обвинителството, дава опис на настанот за кој поднесува пријава.
Салиу објави дека и ова дело против него не може да се докаже, зашто не го сторил.
„Само што ме информираа дека МВР поднело кривична пријава за попречување на службено лице по член 382. Најверојатно ќе се бара претрес во просторите на ПорталХ и во моето живеалиште. Делото не верувам дека можат да го докажат меѓутоа најверојатно работата на ПорталХ ќе биде оневозмоена одреден период“, напиша тој.
Салиу заедно со уште две лица беше приведен на 7 април за време на фудбалски натпревар помеѓу ФК „БВК Коњаре“ и ФК „Куманово“ во Средно Коњаре дека нападнал припадници на ЕБР. Дополнително, околу еден час подоцна, при преглед на возило во сопственост на Салиу, во кое биле други две лица, бил пронајден расклопен пиштол, кој Салиу го поседувал со дозвола.
Тошковски беше сигурен дека Фуркан нападнал полицаец и веднаш МВР објави такво соопштение:
„Денеска (07.04.2024) околу 17 часот на фудбалскиот стадион во с. Средно Коњари за време на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК БВК Коњаре и ФК Куманово, на дваесетина минути пред крајот на натпреварот дошло до обид домашната публика да се пресмета со гостинските играчи. Обидот е спречен од страна на службите кои го обезбедуваа натпреварот и натпреварот бил прекинат. За време на интервенцијата, од страна на две лица нападнати се припадници на Единицата за брзо распоредување. Лицата кои го извршиле нападот веднаш се приведени и утврдено е дека станува збор за Ф.С.(33) од с. Арачиново и Н.Ј. (26) од с. Арачиново, додека С.Б. (40) од с. Арачиново е приведен за учество во тепачка. Дополнително, околу 18 часот, при преглед на патничко возило Дачија дастер, сопственост на Ф.С., а управувано од Ф.А.(34) од с. Кондово со сопатник А.Р. (21) од с. Кондово, во багажникот е пронајден пиштол. СВР Скопје презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот“.
Салиу директно го прашуваше Тошковски по кој основ и по чиј налог полицијата му вршела претрес на возилото, овој кажа: „Преглед, не претрес“.
Извор: СДК.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Петровска: Внатрешната контрола во МВР нарачана од…
„Овој случај не беше одолговлекуван, ниту се…
Продолжен притворот за осомничените за убиството на…
Продолжен притвор од 30 дена добија петмината…
Професорот Николовски: Ако не се открие мотивот…
Професорот за безбедност, Марјан Николовски на Универзитетот…
Докази за двете страшни убиства се записи…
Министерот за внатрешни работи во денешното „Само…
Спасовски: Откриени сторителите на двете убиства. Турција…
Ние впрочем, а и јавниот обвинител најави…