Објавено на:

Пекинг го повика Вашингтон да одигра „конструктивна улога“ на Блиски Исток

t

Шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји во вчерашниот телефонски разговор со американскиот колега Ентони Блинкен побара САД да имаат „конструктивна улога“ на Блискиот Исток.

Портпаролката на кинеското МНР, Мао Нинг истакна дека Ванг „изрази силната осуда за нападот врз Конзулатот на Иран во Сирија, нагласувајќи дека безбедноста на дипломатските институции е неприкосновена и мора да се почитува суверенитетот на Иран и на Сирија“.

– Кина ќе продолжи да игра конструктивна улога во блискоисточното прашање и ќе продолжи да придонесува за смирување на ситуацијата. Американската страна, особено, треба да игра конструктивна улога, нагласи Мао.

Кина постојано повикува на прекин на огнот во Појасот Газа за да се обезбеди безбедност на цивилите.

Оваа ескалација на непријателствата е уште една манифестација на разорното влијание на конфликтот во Газа. Императив е да се стави крај на конфликтот во Газа што е можно поскоро, наведе Мао.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ја тепал сопругата за да му даде…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

Трамп лансира мобилен телефон за 499 долари

Трамп го најави T1 – новиот американски…

Во Струмица се одржува Државното првенство во…

Од вчера до 21 јуни во хотелот…

Иран: Блискиот Исток можеби никогаш повеќе нема…

Блискиот Исток можеби никогаш нема да види…

Хрватка се претставувала како директорка на банка,…

51-годишна жена од Хрватска лажно се претставувала…