САД го предупредија Додик: Ако повторно го прекрши Дејтон, ќе одговориме
Американската амбасада во Босна и Херцеговина во петокот силно го предупреди лидерот на босанските Срби, Милорад Додик дека неговото инсистирање да се донесе посебен закон според кој Република Српска ќе одржува избори или ќе се обиде да се отцепи ќе биде отворено кршење на Дејтон, на што САД сигурно ќе реагираат.
Додик претходно најави дека РС ќе го усвои својот изборен закон до 20 април доколку претходно не бидат откажани техничките измени во изборниот закон наметнати од високиот претставник за БиХ, Кристијан Шмит. Во четвртокот, по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ во Белград, тој најави дека РС ќе прогласи независност доколку резолуцијата за геноцидот во Сребреница биде усвоена во Обединетите нации.
На ова во петокот реагираше американската амбасада со специјално соопштение во кое се наведува дека сите избори спроведени според неуставниот, „паралелен изборен систем“ нема да имаат легитимитет, а учесниците во нивната организација ќе бидат ангажирани во антидемократски, антиуставни и анти -Дејтонски активности.
„САД беа јасни дека се подготвени да одговорат на акциите против Дејтон на локалните актери и дека ги поддржуваат активностите на високиот претставник да го стори истото“, се вели во соопштението.
Беше посочено дека Додик греши ако мисли дека САД ќе oстанат настрана додека ја спроведува својата сецесионистичка агенда „и ја турка БиХ кон конфликт“, бидејќи секој обид за отцепување од ентитетот или која било друга административна единица е антидејтонска акција „нема да се толерира“.
„РС е ентитет во рамките на државата Босна и Херцеговина. Таа е составен дел од државата, но ниту РС, ниту Федерацијата на БиХ не постојат надвор од Босна и Херцеговина. Уставот на БиХ не му дава на ентитетот, или на било која друга единица, право на отцепување“, се вели во соопштението објавено на социјалната мрежа Х.
Додик е под санкции на САД од 2017 година, а овие казнени мерки му беа изречени двапати, еднаш за поткопување на Дејтон, а вториот пат за корупција.
САД потоа ги додадоа неговата ќерка Горица и синот Игор на листата на санкционирани лица.
Поради опасноста да бидат санкционирани доколку работат со нив, банките во Босна и Херцеговина им ги затворија приватните и деловните сметки, па не можат да примаат плати, да аплицираат за кредити или да добијат кредитни картички.
Под американски санкции се сите најблиски политички соработници на Додик, односно целиот политички врв на РС, па сите ги имаат истите проблеми како Додик.
Велика Британија се приклучи на санкциите против некои од нив, додека Германија ги суспендираше развојните проекти што планираше да ги спроведе во РС и да ги финансира.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД ѝ се заканија на Турција со…
Помошникот на шефот на американското Министерство за…
Ние кога? САД инвестираат 2,2 милијарди долари…
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден објави…
САД: Неонацистичка група има намера да се…
Предизборната кампања во САД се соочи со…
САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…
Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…
Хантер Бајден ќе ја добие пресудата осум…
Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џо…