Албански фудбалер жив ќе изгорел во Ферари од 160.000 евра – се запалил додека возел!
Албанскиот фудбалер, Елсеид Хисај, кој игра за римски Лацио, избегна страшна смрт откако неговиот автомобил Ферари се запали додека тој го возеше.
Како што откри самиот тој во изјава за медиумите од Италија,драмата се случила додека тој се возел со таткото на неговата сопруга:
„Некои медиуми ја пренесоа веста за настанот што се случи пред неколку дена. Сакам да нагласам дека сум добро, како и луѓето кои беа со мене. Дефект на автомобил предизвика пожар додека се возев по улицата, веднаш ја забележав ситуацијата и застанав, за среќа, без оштетувања на луѓе или други возила“, откри Хисај.
Неговото возило чинело околу 160.000 евра, а сега е тотално уништено. Познат е и како фудбалер кој редовно го покажува албанскиот орел каде и да се укаже прилика, како симбол на Голема Албанија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Герасимов: Запрено е напредувањето на украинските сили…
Напредувањето на вооружените сили на Украина длабоко…
Рускиот опозициски активист: Украина е жртва на…
Рускиот опозициски активист Илја Јашин вели дека…
Во Брисел е нападнат амбасадорот на Азербејџан…
Амбасадорот на Азербејџан во НАТО и неговата…
Немаме сознанија, ќе го контактираме Киев –…
Соединетите Американски Држави планираат да ја контактираат…
Вечна им слава на ХЕРОИТЕ! 23 години…
И по 23 години од случувањата на…