Објавено на:

Иран предупреди дека ќе одговори со поголема сила доколку Израел возврати со напади

t

Иран предупреди дека ќе одговори со поголема сила доколку Израел возврати со напади во текот на викендот, за кои Техеран рече дека се одговор на израелскиот напад врз дипломатскиот комплекс на земјата во сирискиот главен град Дамаск.

Израелската служба, пак, тврди дека во таа зграда биле припадници на специјалната единица на Иранската револуционерна гарда – Кудс, која е поврзана со Хамас, Хезболах, Хутите, шиитските милиции во Ирак, Авганистан…

Исламската Република Иран нема да се двоуми да го искористи своето право на самоодбрана кога е потребно, се вели во изјавата на амбасадорот и постојан претставник на Иран во ОН, Амир Саид Иравани.

Тој додаде дека доколку израелскиот режим повторно изврши каква било воена агресија, одговорот на Иран секако ќе биде посилен.

Иравани рече дека нападите биле одговор на израелскиот напад на дипломатските објекти во Дамаск на 1 април.

Иран вели дека нападот го прекршил меѓународното право и довел до смрт на седум ирански воени советници, вклучително и клучни команданти од иранската Револуционерна гарда.

Во соопштението, исто така, беше критикуван Советот за безбедност на ОН за неговиот „неуспех да се одржи меѓународниот мир“ и што му дозволи на Израел да ги „крши“ воспоставените меѓународни норми и да ги „интензивира“ регионалните тензии.

Си-Ен-Ен, обидувајќи се да го објасни контекстот, потсетува дека Израел извршил бројни напади врз цели поддржани од Иран во Сирија, често насочени кон пратките со оружје, наводно наменети за Хезболах, моќниот сојузник на Иран во Либан.

Израел не ја презеде одговорноста за нападот на 1 април во кој беше уништена зградата на иранскиот конзулат во главниот град Дамаск, вклучувајќи го и убиството на Мохамед Реза Захеди, висок командант на Револуционерната гарда.

Сепак, портпаролот на израелските одбранбени сили изјави за Си-Ен-Ен дека нивните разузнавачки информации покажуваат дека зградата не е конзулат, туку „воена зграда на силите Кудс, преправена како цивилна зграда“.

Единиците Кудс – специјализирани за шпионажа и неконвенционално војување, ги поддржуваат Хамас, Хезболах, Хутите, шиитските милиции во Ирак, Авганистан…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел ја зголемува готовноста: Извештаи за нови…

Западни разузнавачки служби регистрирале нови воени активности…

Иранска воена техника се движи кон Кувајт?!…

Снимки што се споделуваат на социјалните мрежи,…

Герасимовски: Постапката за „Барутана“ е законска обврска

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во…

Мицкоски за предвремени избори: Можно е, никогаш…

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, во интервју…

Северна Кореја тестираше ракети од под вода:…

Северна Кореја соопшти дека тестирала два типа…