Јакимовски: Европа ја зафаќа воен вител, одговорен претседател мора да ги има предвид сите апсекти и мора државата да ја подготви за евентуално најлошото сценарио!

t

Денес ја искажуваме нашата восхит кон луѓето кои на 11 октомври 1941 година се кренаа против Третиот Рајх, против Оската Рим – Токио – Берлин, против бугарскиот фашистички окупатор и без посредство на масовни медиуми да застанаа на вистинската страна на историјата.

Како резултат на таа наша херојска борба на првото заседание на АСНОМ ги удрија темелите на современата македонска држава и го исполнија вековниот идеал на Илинденците и на сите оние кои ги положиле животите за македонската држава.

Ние живееме во едно тешко време, претседателот во исто време може да биде и врховен командант на оружените сили на Република Македонија. На 1200 километри јужно од нас и на 1200 километри северно од нас се одвиваат страшни војни. Најновата војна отпочна помеѓу Иран заедно со своите сојузници против Израел и САД. Тоа јасно покажува дека живееме во едно тешко време и дека е многу битно кој ќе биде врховен командант на вооружените сили на Република Македонија.

Мојот апел како иден претседател на Република Македонија веднаш да се набавува оружје и муниција, веднаш да се зголеми сточниот фонд и производството на храна, да работи конзервната индустрија, да се обезбеди храна за живината за целата стока затоа што ако дојде до една сериозна војна на тло на Европа тоа значи дека ќе бидат затворени сите граници, ќе се запре извозот од секоја држава и ќе дојдеме во многу слична ситуација како онаа кога беше Ковид кризата.

Одговорни субјекти, одговорен претседател на Република Македонија мора да ги има во предвид сите овие апсекти и мора државата да ја подготви за евентуално најлошото сценарио!

#ХраброЗаМакедонија
#ЗаокружиБројТРИ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претреси во Врховниот суд и на други…

Вечерва на полноќ ќе се одржи итна…

Ердоган прогласи Ден на национална жалост по…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган прогласи ден…

Меџити: Албанците му кажаа “доста“ на Ахмети

Има една поговорка, „кој губи има право…

Ѓеорѓиевски за ТВ 24: Јавна тајна е…

Орце Ѓеорѓиевски градоначалникот на Кисела вода и…

Детали за апсењето на Врховниот судија Наке…

Синот на поранешниот градоначалник на Ново Село,…