Денеска се празнува Преподобен Тит Чудотворец
Од младоста Го возљуби Христа и го замрази овој суетен свет. Заради тоа го остави светот, отиде во манастир и прими ангелски образ. Не жалејќи се себеси, се предаде на скрбен и тесен монашки пат. Преку големо трпение ги стекна двете основни добродетели: послушанието и смирението и со нив ги надмина „не само браќата туку и сите луѓе“.
Од младоста ја зачува чистотата на душата и телото. Во времето на иконоборната ерес се покажа како непоколеблив столб на Божјата Црква. Заради неговото големо смирение и чистота, Бог му даде дар на чудотворство и за време на животот и по смртта. А кога се пресели кај Господа, остави многубројни ученици зад себе. Се претстави во 9 век.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Украина никогаш не учествувала во акција…
Украина никогаш не учествувала во операција поврзана…
18-годишна кумановка полово нападната додека одела по…
Пред четири дена, среде ноќ, млада девојка…
СПМ до Јотова: „Македонија има своја историја,…
Со најостро несогласување ја отфрламе изјавата на…
Министерот Муцунски во работна посета на Израел
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…
ВМРО-ДПМНЕ: Рекордни бројки на аеродромите, растот на…
Резултатите од првите седум месеци од 2026…