Објавено на:

ЕУ: Блискиот исток е на работ на бездна

t

Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, ја опиша ситуацијата на Блискиот Исток како на работ на бездна и рече дека се надева оти каков било одговор на Израел на нападот на Иран нема да доведе до ескалација.

Во текот на викендот, Техеран почна масовен напад со беспилотни летала и ракети врз Израел, како одмазда за нападот на почетокот на април во кој беше уништен неговиот конзулат во Дамаск, за што го обвини Израел.

„Ние сме на работ на бездната и мора да се одалечиме од неа. Мораме да ги притиснеме сопирачките и да го ставиме менувачот во рикверц“, рече Борел.

Истакнувајќи ја, како што рече, длабоката поделба во израелската владејачка коалиција, тој нагласи дека постои поумерена и разумна фракција која се залага за одмазда на начин на кој избегнува ескалација.

Борел рече дека ЕУ мора да одржува добри односи со Иран, и покрај воведувањето санкции кон него.

„Во интерес на сите е Иран да не стане нуклеарна сила и Блискиот Исток да биде смирен“, рече тој.

Во неделата, Борел разговараше со иранскиот министер за надворешни работи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес со јачина од 6,8 степени според…

Земјотрес со јачина од 6,8 степени според…

Денес се празнува Светиот Архистратиг Михаил и…

Од длабоката древност Божјите ангели се празнувани…

Видете какво ќе биде времето денес

Во утринските и во раните претпладневни часови…

Ја претепале, ја снимале и ѝ ги…

Две малолетнички од Скопје се приведени откако,…

Од 24 на само 4 степени во…

Голем температурен пад за само 24 часа…