Арафат Муареми направи трансфер од СДСМ во ДУИ

t

Поранешниот директор на Финансиска полиција Арафат Муареми од СДСМ премина во ДУИ.

Почитувани семејства, пријатели, колеги и сите вие ​​добронамерници, сакам да ве информирам дека по многу дискусии и анализи решив да се приклучам на Европскиот фронт, со една цел, најдобрата иднина на нашата земја. Имам целосна верба во моќта на мислата на непобедениот лидер низ годините, г. Али Ахмети! Ги повикувам сите истомисленици во поддршка, да им дадеме глас на нашите цели да триумфираме и да ја движиме оваа земја напред!, објави Муареми.

Муареми, кој беше директор на Финансиска полиција поднесе оставка по „војната“ со шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Обвинителките на шефицата на ОЈО ГОКК Вилма Русковска влегоа во Финансиската полиција да прават претрес.

Муареми поднесе и кривична пријава против Русковска.

По меѓусебните обвинувања и преписки, Русковска беше суспендирана, а Муареми се повлече од функцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не мора секој да студира, некој треба…

Оштетувањето на инвентарот во студентскиот дом „Стив…

Песков најавува преговори за Украина во Абу…

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави…

Ким Џонг Ун пристигна во посета на…

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун пристигна во…

Маск: Украинските елити се збогатија, а децата…

Американскиот претприемач и милијардер Илон Маск објави…

Нафтата Брент достигна 116,72 долари за барел

Цената на суровата нафта Брент го заврши…