Османи со порака до Израел: Воздржете се од возвраќање, спиралата на конфликти може да се влоши

t

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи порача до Израел да не возраќа на нападот на Иран, бидејќи состојбата може да се влоши.

Османи рече дека утрово остварил повеќе телефонски разговори со партнерски држави и состојбата во моментов е делумно стабилизирана, додека воениот кабинет на Израел одлучува дали ќе одговори на нападот на Иран.

„Порачувам до Израел да не донесе таква одлука бидејќи спиралата на конфликти тогаш само ќе се влоши“, рече Османи.

Министерот соопшти дека еден македонски државјанин побарал да се евакуира од Израел, и даден му е патен лист. Истовремено, македонските институции ги исконтактирала приватна компанија од Израел, информирајќи ги за четворица вработени – државјани на Македонија кои се наоѓаат таму, но не за итна евакуација, туку за да ги разменат контактите и да ги имаат во превид доколку се влоши состојбата.

„Семејствата на амбасадорот и дипломатот се таму. Му дадов на амбасадорот насока децата да ги испрати во Скопје, но бидејќи училиштата се отворени и состојбата е стабилна, решиле да останат“, рече Османи.

Како што додаде, од Иран не е стигнато барање од наши граѓани, а во врска со информацијата дека студенти од Јордан вчера побарале да бидат евакуирани. министерот истакна дека состојбата во моментот е статус кво, што се однесува на Израел и Иран, и моментално нема барање за евакуација, но министерството е подготвено да одговори доколку произлезе таква потреба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германско МНР: Сакаме да ја видиме Македонија…

Германското Министерство за надворешни работи на платформата…

„Сега накратко ќе ви се обрати Вучиќ“…

Сега накратко или долго ќе ви се…

Бесплатен влез во музејските институции по повод…

Под мотото „Музеи за едукација и истражување“…

Пелегрини за Фицо: Лекарите не планираат нови…

Лекарскиот совет во болницата во словачкиот град…

Рама брутално искрен: Поради лудата бугарска блокада…

Со блокадата на Македонија ќе се постигне…