Шолц: Во моментов не гледам смисла да разговарам со Путин
Во интервју за „Тагескејтунг“, Шолц изјави дека во моментов не гледа смисла да разговара со Путин, оценувајќи дека разговорот не може да направи никаква разлика.
Тој истакна дека последен пат телефонски разговарал со Путин во декември 2022 година.
Како одговор на изјавата на новинарот дека Украина е во дефанзива и дека руската воена економија е стабилна, како и дека Западот треба посилно да се залага за преговори и компромис, Шолц рече дека не смее да се дозволи Русија да победи во војната.
„Брзо сфативме дека војната нема да трае долго. Ќе треба долго време да ја снабдуваме Украина со оружје и муниција“, рече Шолц.
Тој изјави дека во текот на 1970-тите, Сојузна Република Германија издвојувала три до четири отсто од својот буџет за одбрана, додека денешна Германија издвојува само два отсто, додавајќи дека земјата треба да има силна армија.
„Германија е земја во мир. Но, ние мора да бидеме способни да ја браниме нашата земја и, заедно со нашите сојузници, областа на НАТО. Имаме одговорност да ги заштитиме Литванија, Естонија и Летонија од Русија, тоа произлегува од нашата историја“, рече тој.
Тој истакна дека за време на неговата претстојна посета на Кина, со претседателот Си Џинпинг ќе разговара за воените теми, како и за тоа како Кина може да влијае на крајот на војната во Украина.
Шолц изјави дека и покрај различните политички ставови, особено кога станува збор за заедницата на Ујгурите во Кина и во регионот на Тајван, тој сака отворено да разговара со кинеските претставници за сите теми.
„Кина е голема земја со растечко економско и политичко значење. Во нашата стратегија никаде не се споменува економско одвојување од Кина, но се споменува намалување на ризикот од зависност од Кина. Не треба да ги ставате сите јајца во една корпа“, рече Солц.
Запрашан да го коментира фактот дека повеќе од 30.000 луѓе, главно жени и деца, се убиени во Појасот Газа, и дека Германија е вториот најважен снабдувач на оружје за израелската армија, тој рече дека Германија е очигледно на страната на Израел, но и дека „тагува за секого што е жртва како цивил“ и дека е во постојан разговор со Израел.
„Предупредив против копнената офанзива во Рафа и јасно ставив до знаење дека треба да продолжиме да се фокусираме на решението за две
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел ја зголемува готовноста: Извештаи за нови…
Западни разузнавачки служби регистрирале нови воени активности…
Иранска воена техника се движи кон Кувајт?!…
Снимки што се споделуваат на социјалните мрежи,…
Герасимовски: Постапката за „Барутана“ е законска обврска
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во…
Мицкоски за предвремени избори: Можно е, никогаш…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, во интервју…
Северна Кореја тестираше ракети од под вода:…
Северна Кореја соопшти дека тестирала два типа…