Инцидент меѓу осуденици во штипскиот затвор

t

Инцидент меѓу две групи на осуденици се случил синоќа во Затвор Штип. Интервенирала затворската полиција, но и полициски службеници. Директорот на Затвор-Штип, Мики Тодоров рече дека детали за случајот ќе има во текот на денот. Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев при денешната посета на ОВР-Свети Николе потврди дека „имало случај во Затвор-Штип“.

-До МВР имаме пријавено случај од Затворот во Штип, кога ќе завршиме со сите наши активности ќе излеземе со соопштение. Во моментот не би можел да дадам детали, зашто се уште работиме, а знаете дека сме едни од најтранспарентните – информираме за тоа што сме го сработиле, рече Бојмацалиев при денешната посета на ОВР-Свети Николе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хрватска гради центар за радиоактивен отпад на…

Хрватскиот фонд за финансирање за отстранување на…

Над 13 илјади странци се вработени во…

Развојот на различните сектори на економијата и…

Апасиев до власта: Не одите уште долго…

*Објава на Фејсбук на пратеникот Димитар Апасиев:…

СДСМ: Срамота е Мицкоски да зборуваш за…

Нема дно кое Мицкоски не може да…