Завршува грејната сезона, ако паднат температурите системот повторно ќе биде вклучен
Грејната сезона завршува денеска, но од Регулаторната комисија за енергетика велат дека на дневно ниво се следат температурите и доколку има потреба ќе биде вклучен системот за топлинска енергија.
„Денес завршува грејната сезона, но до крајот на април влегуваме во преоден период во кој на дневно ниво РКЕ ги известува топланите дали се создадени услови да биде вклучен системот за топлинска енергија. Согласно член 45 од Правилата за снабдување секој пат кога прогнозирана средна дневна температура е 12 и пониска од 12 тогаш се дава налог дека се создадени услови да се започне со производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија на тарифните потрошувачи“ велат од Регулаторната комисија за енергетика.
За утре, согласно добиените податоци од Управата за хидрометеролошки работи, нема услови за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија на тарифните потрошувачи бидејќи прогнозираната средна дневна температура во Скопје ќе биде 19 степени.
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од вторник попладне синоптичарите најавуваат врнежи од дожд кои локално ќе бидат обилни во форма на невреме, проследени со појава на грмежи и силен ветер. И во следните денови ќе има повремени локални врнежи, а температурата од среда ќе бидат во позначително опаѓање.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нафтата Брент достигна 116,72 долари за барел
Цената на суровата нафта Брент го заврши…
Франција пред денешните протести: И Мона Лиза…
Париз, но и во другите градови, за…
АМЕРИКАНСКОТО РАЗУЗНАВАЊЕ ПРЕДУПРЕДУВА: Иран ги засилил подготовките…
Американските разузнавачки служби предупредуваат дека Иран значително…
Трамп вели дека САД може да извршат…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон…
Закана од штрајкови во „Фолксваген“: Работниците бараат…
Работниците во „Фолксваген“ се заканија со штрајкови…