Објавено на:

Вучиќ ќе се сретне со Си Џинпинг на 8 мај

t

 Кинескиот претседател Си Џинпинг доаѓа во Белград на 8 мај, објави Демостат повикувајќи се на извори од дипломатски кругови, јави дописникот на МИА од Белград.

За време на престојот во Србија, претседателот на Кина ќе се сретне со неговиот српски колега Александар Вучиќ и други државни претставници, соопшти Демостат.

Вучиќ во февруари, на церемонијата на одбележување на лунарната Нова Година, рече дека добил потврда дека кинескиот претседател ќе го посети Белград во 2024 година, оценувајќи дека Си е искрен пријател на Србија и еден од најважните светски лидери.

Двајцата претседатели последен пат се сретнаа во октомври минатата година во Пекинг, за време на третиот Форум „Појас и пат“.

Си веќе беше во Србија во јуни 2016 година, што беше прва посета на кинескиот претседател на Белград по 32 години.

Инаку, кон средината на март беше најавено дека Си во мај во Париз ќе се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон, а таа посета ќе се совпадне со прославата на 60-годишнината од односите меѓу двете земји. Тоа ќе биде прва посета на претседателот на Кина на Европа од почетокот на пандемијата на корона вирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп, Путин и Си во заедничка изјава:…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, рускиот претседател…

Трамп: САД не ја поддржуваат независноста на…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД…

Трамп: На САД не им е потребна…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека на…

Српскиот парламент денеска конечно треба да добие…

Пратениците во Народното собрание на Србија ја…

Трамп на 19 ноември планира одделна средба…

Американскиот претседател Доналд Трамп планира на 19…