Таравари: Бујар Османи доцна се премисли за Отворен Балкан

t

Кандидатот за претседател на ВРЕДИ, Арбен Таравари, во денешното обраќање на митингот во Желина, меѓу другото, рече дека неговиот противкандидат Бујар Османи сега се сетил да предложи излез од Отворен Балкан, иницијатива на Вучиќ и поддржана од Лавров.

Денес слушнав дека станал пишман за Отворен Балкан и дека ќе предложи излез на Македонија од оваа иницијатива на Вучиќ, поддржана од Лавров. На Пишман аџијата му велиме дека доцна се расонил. Останавте сами во ист кревет со Вучиќ. Со Вучиќ кој организира терористички напади на Косово и кој се плаши од поразот на ДУИ, затоа што се плаши од промената што ВРЕДИ, истакна Таравари.

Тој додаде дека со ВРЕДИ ќе има факторизација на државноста на Косово, а не проекти кои се против интересите на Косово.

Ќе имаме целосна координација со двете албански држави, Албанија и Косово. Ќе ги продлабочиме врските со Тирана и Приштина, бидејќи тие се наши браќа од иста крв. Значи, нема да правиме како мојот противкандидат кој својата прва посета како министер за надворешни работи ја направи во Белград и никогаш немаше билатерална посета на Република Косово, нагласи Таравари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нафтата Брент достигна 116,72 долари за барел

Цената на суровата нафта Брент го заврши…

Франција пред денешните протести: И Мона Лиза…

Париз, но и во другите градови, за…

АМЕРИКАНСКОТО РАЗУЗНАВАЊЕ ПРЕДУПРЕДУВА: Иран ги засилил подготовките…

Американските разузнавачки служби предупредуваат дека Иран значително…

Трамп вели дека САД може да извршат…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон…

Закана од штрајкови во „Фолксваген“: Работниците бараат…

Работниците во „Фолксваген“ се заканија со штрајкови…