„Немам партиска книшка, само крводарителска“ – приватните специјализанти реагираат на изјавата на Демири за политичка позадина на штрајкот
Штрајкот на приватните специјализанти продолжи и денес и како што најавуваат ќе трае додека не добијат на писмено од Владата дека нивните барања ќе бидат прифатени.
Специјализантите се залаат за покачување на платите од 26.000 на 44.000 денари и решавање на нивниот статус, односно да имаат здравствено и пензиско осигурување.
„Се уште не се исполнети нашите барања, ветувањето на Илир Демири беше дека тој има разбирање за нашите проблеми, но еден месец не беа предложени на седница на Влада“, изјави д-р Христина Илиоска Чешлароска, приватен специјализант по интерна медицина трета година.
Таа рече дека лично нема партиска книшка, туку единствената што ја има е крводарителската, надоврзувајќи се на изјавата на министерот за здравство, Илир Демири кој истакна дека штрајкот имал политичка позадина – изјава што специјализантите ја оценуваат како обид за дискредитирање.
Демири вчера рече дека ги поддржува барањата за поголеми плати и платени придонеси на приватните специјализанти, но нема мерки што би можел да ги преземе до завршување на изборите за да им ги исполни барањата.
Министерот најави дека по изборите ќе се заложи да има ребаланс на буџетот и примањата на приватните специјализанти да се изедначат со примањата на специјализантите, кои се вработени во јавните здравствени установи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кинеските технолошки гиганти нарачале чипови од „Нвидиа“…
„БајтДенс“, „Алибаба“ и „Тенсент“ нарачале повеќе од…
Италија испраќа 500 војници во Милано по…
Италијанските власти планираат распоредување 500 војници во…
Вашингтон го отстранува DeepSeek од државните системи:…
Американското Министерство за домашна безбедност нареди отстранување…
САД ѝ се заканија на ЕУ со…
Американскиот амбасадор во Европската Унија, Ендрју Паздер,…
Турција го испрати во парламент одбранбениот пакт…
Турција го доставила на парламентарна ратификација одбранбениот…