Објавено на:

ТРАГИЧЕН КРАЈ НА ПОТРАГАТА ВО СРБИЈА: Најденот телото на војникот што доживеа несреќа во каналот Дунав-Тиса-Дунав

t

Телото на подофицер на Војската на Србија вчера доживеа несреќа за време на воена вежба, пронајдено е утрово во каналот Дунав-Тиса-Дунав, дознава Телеграф.рс.

Српското министерство за одбрана вчера соопшти дека еден подофицер на вооружените сили на Србија е тешко повреден при вежба на каналот Дунав-Тиса-Дунав, додека по друг што паднал во водата, се трага.

Телото на бараниот подофицер е пронајдено утрово. Се работи за Мијодраг Тошковиќ е роден во 1980 година во Цетиње. Во стручната служба во српската војска е од 2000 година. Неколку пати е одликуван и наградуван за резултатите од неговата служба. Тошковиќ беше оженет и татко на три деца.

Како што се наведува во соопштението, инцидентот се случил при реализација на редовни тренажни активности на слетување од хеликоптер на водната површина на каналот Дунав-Тиса-Дунав, во реонот на воениот комплекс „Орешац“ околу 12:15 часот.

Вежбата ја изведоа припадници на 72 бригада за специјални операции. По укажаната прва помош, повредениот подофицер бил итно пренесен во Општата болница во Вршац.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кинеските технолошки гиганти нарачале чипови од „Нвидиа“…

„БајтДенс“, „Алибаба“ и „Тенсент“ нарачале повеќе од…

Италија испраќа 500 војници во Милано по…

Италијанските власти планираат распоредување 500 војници во…

Вашингтон го отстранува DeepSeek од државните системи:…

Американското Министерство за домашна безбедност нареди отстранување…

САД ѝ се заканија на ЕУ со…

Американскиот амбасадор во Европската Унија, Ендрју Паздер,…

Турција го испрати во парламент одбранбениот пакт…

Турција го доставила на парламентарна ратификација одбранбениот…