Израел цели кон иранските нуклеарни постројки: Агенцијата за атомска енергија на ОН, загрижена, Техеран се заканува со „болен одговор“

t

Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, изјави дека е загрижен дека Израел може да ги таргетира иранските нуклеарни постројки, сепак додаде дека инспекциите на МААЕ на иранските нуклеарни постројки ќе продолжат и денеска.

Гроси, запрашан за коментар за можноста за израелски воздушен напад врз иранските нуклеарни постројки, рече дека МААЕ „секогаш е загрижена за таквата можност“ и апелираше на „максимална воздржаност“, пренесува Ројтерс.

Началникот на израелскиот Генералштаб Херзи Халеви во понеделникот изјави дека Израел ќе одговори на иранскиот напад извршен во текот на ноќта меѓу саботата и неделата, за кој Техеран соопшти дека бил извршен како одмазда за нападот врз иранскиот конзулат во Дамаск на 1 април, за кој Иран го обвинува Израел.

Гроси додаде дека Иран ги затвори своите нуклеарни постројки во неделата од „безбедносни причини“ и дека МААЕ, иако тие беа отворени во понеделникот, ги држи своите инспектори подалеку од локациите „додека не види дека ситуацијата целосно не се смири“.

Продолжуваме во вторник. Ваквиот развој на настаните немаше влијание врз нашите активности поврзани со инспекциите – рече Гроси.

Инспекторите на МААЕ редовно ги посетуваат главните ирански нуклеарни централи. Техеран соопшти дека неговата нуклеарна програма е мирољубива, но западните сили го обвинуваат Иран дека се обидува да изгради нуклеарна бомба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претреси во Врховниот суд и на други…

Вечерва на полноќ ќе се одржи итна…

Ердоган прогласи Ден на национална жалост по…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган прогласи ден…

Меџити: Албанците му кажаа “доста“ на Ахмети

Има една поговорка, „кој губи има право…

Ѓеорѓиевски за ТВ 24: Јавна тајна е…

Орце Ѓеорѓиевски градоначалникот на Кисела вода и…

Детали за апсењето на Врховниот судија Наке…

Синот на поранешниот градоначалник на Ново Село,…