Објавено на:

Косово доби поддршка за прием во Советот на Европа

t

Пратениците на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) вечерва со двотретинско мнозинство го усвоија извештајот на Дора Бакојани со кој се препорачува Комитетот на министри на Советот на Европа да ја прифати апликацијата на Косово за членство во таа организација.

За прием на Косово во Советот на Европа гласаа 131 од присутните 171 член на ПССЕ. Додека 29 беа против, а 11 беа воздржани.

Како што е познато Косово ја поднесе својата кандидатура за членство пред две години, а таа беше прифатена на седницата во април минатата година.

Парламентарното собрание на Советот на Европа ќе испрати препорака за прием до Комитетот на министри за надворешни работи, кој ја донесува конечната одлука со двотретинско мнозинство од министрите или амбасадорите кои ги претставуваат и кои се присутни во моментот на гласањето.

Состанокот на Комитетот на министри треба да се одржи од 16 до 17 мај во Стразбур.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…

Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…

Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…

Собранието на Косово денеска усвои декларација со…

Девет лица се уапсени под сомнение за…

Девет лица се уапсени на северот во…

Груевски бил пред времето: Европа воведува „Купувај…

Европа сака да произведува повеќе дома и…

ЦИА предупредува за руска закана со дронови…

Американските разузнавачки служби споделиле извештај со неколку…