Објавено на:

Полјаците не стравуваат од прелевање на војната vод Украина во нивната земја

t

Резултатите од најновата анкета на агенцијата ИБРИС изработена за полскиот весник „Жечпосполит“ покажуваат дека мнозинството Полјаци не се плашат дека војната во Украина може да се прелее во нивната земја.

Само 27,3 отсто од испитаниците изјавиле дека стравуваат дека конфликтот од Украина може да се прелее во Полска, 53,6 проценти не се плашат, додека 19,1 отсто одговориле дека не знаат.

Најголем страв од проширување на судирите е помеѓу возрасните лица од 70 години – 39 отсто додека кај лицата со основно образование процентот измесува 45, а меѓу активните верници 44 проценти.

Кога Русија ја нападна Украина, во слично истражување од март 2022 година, 45 отсто од Полјаците беа убедени дека војната нема да се прошири во Полска.

Полските власти не реагираа на изјавата на шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба на почетокот на неделата дека американскиот противракетен систем Патриот во Полска може да го брани и воздушниот простор над западна Украина, што би можело Русија да го искористи како изговор за ескалација на конфликтот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почина трактористот по сообраќајката со камион што…

По два дена борба за живот, почина…

Во Полска уапсени девет лица поради саботажа…

Полскиот премиер Доналд Туск соопшти дека полицијата…

Мајк Зафировски прашува: Дали е мудро повторно…

„Ако на двете страни има некакво незадоволство,…

Нова демократија со двојно поголема предност пред…

Речиси 16 отсто е разликата меѓу владејачката…

Франција го поддржа МКС во врска со…

Министерството за надворешни работи на Франција соопшти…