Објавено на:

Османи тврди дека Србија држи петмина косовски полицајци

t

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, изјави дека петмина косовски полицајци се „држат во заложништво“ од Србија, земја која таа ја опиша како „шовинистичка“, јави Радио слободна Европа.

На денешното доделувањето на дипломите на кадетите на косовската полиција, Османи го повика меѓународниот фактор да реагира во врска со ова прашање.

„Ги повикуваме сите наши сојузници да го кренат својот глас и да ги зголемат своите напори за запирање на ваквите шовинистички суровости и дејствија против нашите граѓани и против нашата полиција. Но, убедена сум дека денешната заклетва и сите овие питомци и оваа мултиетничка група е најмоќниот одговор против таквите напори“, рече Османи.

„Се додека постојано се соочуваме со безбедносни предизвици, да не заборавиме дека и во овие моменти петмина полицајци на нашата Република се заложници на една шовинистичка држава, на Србија“, додаде таа.

Косовското Министерство за внатрешни работи доцна во средата соопшти дека еден заменик директор на косовската полиција и уште четворица полициски службеници се приведени од српските власти.

Министерството соопшти дека заменик-директорот на косовската полиција од српска националност, Дејан Јанковиќ, „од утрово е задржан во притвор без никакво објаснување“.

Јанковиќ, кој потекнува од општина Штрпце, бил запрен на граничниот премин со Србија, Јариње, на северот на Косово и испратен на распит во југозападниот српски град Рашка.

Османи рече дека „заканите и опасностите се наше секојдневие, затоа е неопходно Република Косово со своите институции да биде полноправна членка на ИНТЕРПОЛ и ЕВРОПОЛ“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кинеските технолошки гиганти нарачале чипови од „Нвидиа“…

„БајтДенс“, „Алибаба“ и „Тенсент“ нарачале повеќе од…

Италија испраќа 500 војници во Милано по…

Италијанските власти планираат распоредување 500 војници во…

Вашингтон го отстранува DeepSeek од државните системи:…

Американското Министерство за домашна безбедност нареди отстранување…

САД ѝ се заканија на ЕУ со…

Американскиот амбасадор во Европската Унија, Ендрју Паздер,…

Турција го испрати во парламент одбранбениот пакт…

Турција го доставила на парламентарна ратификација одбранбениот…