Обновете го вашиот дом со задоволство – најдете ги сите изведувачи на градежни работи на Daibau.mk
Пандемијата на корона вирусот, меѓу другото, натера многу луѓе да ја сфатат важноста на животната средина, како и нивото на квалитетот на нивниот дом. Бидејќи со месеци бевме заробени меѓу четири ѕида, станавме почувствителни на се што не е како што би сакале, на сè што може да се поправи, обнови или замени за барем да може амбиентот во кој престојуваме да стане поубав и подобар. Откривме и колку е важна достапноста на информации на интернет бидејќи, практично, не бевме во можност да договориме ништо лично. Најверојатно во тие месеци се појавија и искристализираа мисли, идеи и решенија за организирање и подобрување на сопствениот животен простор.

Реновирањето на домот да биде задоволство, а не мака
Се чини дека нема човек кој барем еднаш во животот не наишол на некакво реновирање, обнова или изградба на станбена површина. Дури и ако се работи само за реновирање на бањата или кујната, повеќето луѓе поминуваат низ непотребни компликации и стрес со таквиот потфат. Се појавуваат многу прашања: како да се најде мајстор за таква работа? Оној што ќе се потруди максимално и ќе даде се од себе, навремено ќе укаже на компликации и ќе се труди да ги реши, притоа да биде целосно искрен и доверлив. Нема ништо полошо од тоа да чекате со месеци мајсторот конечно да се појави, а потоа само да ја „изработи “ работата на начин што ниту сте го очекувале, ниту сте посакувале, очекувајќи, па дури и барајќи целосна исплата. Од друга страна, колкави се реалните трошоци за градежните работи, од каде знаете дека цените се реални, а изведувачот вреди во секој поглед? Ако е препорака од пријател, тоа многу ја олеснува одлуката, но покренува уште неколку прашања. Како да знаете дали извршената работа била тешка, обемна и напорна или дали била полесна работа и некаква рутинска задача со која секој давател на услуги лесно може да се справи? Исто така, се поставува прашањето дали тој пријател, најверојатно по професија нешто сосема друго, е способен да даде објективна и професионална оценка – можеби само имал среќа, а многу други муштерии воопшто не биле задоволни од тој мајстор.
Најдете го најдобриот изведувач/давател на услуги за вас

Мораме да признаеме дека сите ги имаат овие и слични сомнежи веднаш откако ќе донесат одлука за некоја работа, што е сосема нормално и разбирливо, а за многу од нив немате одговор. Доколку не сте добро запознаени со тајните на професијата, која всушност бара да се занимавате со некоја од градежните активности – нема да можете да совладате ниту дел од знаењето, искуството и деталите бидејќи ги има премногу.
На крајот на краиштата, од вас не се очекува да ги поседувате сите овие знаења и вештини, ниту пак ви треба.
Сепак, зарем не би било одлично да имате буквално сè за градежните работи и услугите на едно место?
Ако мислите така – имаме одлична вест за вас – веќе постои такво место на интернет!
Најголемиот портал за градба и реновирање – Daibau.mk – е интернет платформа зад која стои успешен тим кој со години е многу посветен и посредува помеѓу најдобро оценетите изведувачи, односно давателите на услуги и луѓето како вас, кои бараат понудувачи за градежни работи. Daibau.mk првенствено се стреми да ги растерети клиентите, нудејќи проверен систем со кој многу лесно и брзо ќе најдете и ќе изберете понудувачи, кои имаат одлични оценки, препораки и референци и чии претходни клиенти биле толку задоволни да можете, со мирна совест, да им го препуштите реновирањето или изградбата на вашиот дом. Решението за уредување на сопствената куќа или стан не е во тоа дали знаете сè, туку работата ја препуштате на некој кој врз основа на стручност, способност, умешност, вештини, долгогодишно искуство, од една страна и најдобрите професионални алатки , од друга страна, може да го направи тоа наместо вас. Само така ќе го поминете целиот процес растеретени, безгрижни и задоволни.
Вашиот личен е-советник

Во оваа смисла, платформата Daibau.mk е ваш личен е-советник, кој покрај тоа што ве запознава со најдобро оценети изведувачи и нивните референци, нуди оптимизација на многу аспекти на градбата на едно место. Со помош на платформата многу подобро и поефикасно ќе управувате со финансиите, распоредот и рокот на работите. На порталот Daibau.mk на едно место ќе најдете најголем избор на изведувачи на работи и услуги за сосема различни работи: од бетонирање, малтерисување, електрични инсталации, преку пејзажна архитектура, инсталација на клима до столарија и поправка на мебел и многу повеќе. Еден од многуте корисници, г-ѓа Петрова за нашиот портал напиша „дека мисли дека услугите што ги нуди Daibau.mk се многу добри, бидејќи на корисникот многу му ја олеснуваат целата работа, а друга важна ставка е заштедата на време.“ Без разлика кого барате , системот за пребарување на Daibau.mk е дизајниран секогаш да ги зема предвид сите ваши барања, односно трошоците, сложеноста на работата, временскиот распоред, локацијата итн. Главната цел е на сите да им се обезбеди сосема поинакво искуство за реновирање на домот од она на кое се навикнати. Искуство без стрес, хаос и разочарување, но исполнето со уживање, олеснување, запознавање нови луѓе и професии, сигурност и доверба, искуство кое го збогатува животот и обезбедува задоволство пред, за време и по процесот на изградба или реновирање.
Оцена на изведувачи и корисничко искуство

Покрај желбата за поедноставување на процесот на градежништво и занаетчиска работа, главните предности на порталот Daibau.mk се транспарентноста, чесноста и квалитетот на дадените услуги. Како е тоа воопшто можно? На порталот има опција за оценување и коментирање на ангажираните занаетчии по завршувањето на работата. „Ми се допаѓа што собирате коментари од корисниците, ги оценувате давателите на градежни услуги и ги собирате на едно место. На истата интернет адреса можам да најдам и да видам сè што ме интересира и секогаш можам да испратам барање преку онлајн формуларот“, коментира г. Василев. Бидејќи сите занаетчии се оценуваат директно врз основа на искуството на корисниците, односно на нарачателите на работа, кога ќе го посетите порталот, брзо ќе добиете реален и точен увид во квалитетот на услугите и полесно ќе донесете одлука. Оценката, базирана на мислењето на голем број луѓе, е далеку пообјективно и посигурно од препораката на само еден пријател и неговото единствено искуство.
„Морам да го пофалам квалитетот на работите и доследното почитување на договорените услови. Достапна цена и договорен рок! Мајстор ги испрати сите чекори при работата и не користеше половични решенија, туку инсистираше на најдобрите материјали и услуга. Воедно, договорената цена беше сосема коректна“, изјави г. Стојанов за мајсторот кој го нашол на порталот Daibau.mk за реновирање на бањата.
ПР објава
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обновете го вашиот дом со задоволство –…
Пандемијата на корона вирусот, меѓу другото, натера…