Објавено на:

Макрон: Земјите од ЕУ поддржуваат зајакнување на санкциите против Русија и Иран

t

Земјите од ЕУ едногласно го поддржуваат зајакнувањето на санкциите против Русија, изјави францускиот претседател Емануел Макрон.
„Едногласни сме дека санкциите против Русија треба да се зајакнат, како и да се интензивира борбата против заобиколувањето на овие санкции“, рече Макрон на прес-конференција по самитот на ЕУ во Брисел.


Тој нагласи дека воената поддршка за Украина, вклучително и испорака на муниција и заедничко производство на оружје на украинска територија, останува приоритет за Европската унија.
Според него, Европската унија ќе го зајакне своето противење на наводните обиди на Русија да ја дестабилизира ситуацијата со дезинформации и мешање како што се приближуваат изборите за Европскиот парламент.
Францускиот претседател додаде дека и Европската унија одлучила да ги прошири санкциите против Иран.


„Одлучивме да воведеме санкции кон Иран, особено во врска со производството и испораката на ирански ракети и беспилотни летала за земјите од Блискиот Исток и Русија“, рече Макрон.
Лидерите на Европската унија доцна синоќа по самитот во Брисел се договорија за продолжување на европските санкции против Иран во контекст на неодамнешниот напад врз Израел.
Западните земји тврдат дека Иран наводно и доставува дронови на Русија за воени операции во Украина. Москва и Техеран ги отфрлија ваквите обвинувања.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави дека темата за купување борбени дронови од Иран е вештачки вметната во американските медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија изгубила речиси милион и пол војници…

Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…

„Или сте со нас, или против нас“…

Откако САД најавија „економска војна“ против Иран,…

Пентагон: Над 750 американски војници ранети во…

Вкупно 757 американски војници се ранети од…

Трамп ја најави „најсуровата економска операција“ против…

Американскиот претседател Доналд Трамп најави нова кампања…

Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…

Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…