Јакимовски: 15 милиони Украинци не се проблем за ЕУ, проблем е само Западен Балкан – Барам почит за мојата држава и мојот народ!

t

Отворен Балкан мора максимално да се поддржи и дури да водиме заедничка надворешна политика, вели во денешното гостување во „Тешки муабети“ на Инфомакс, претседателскиот кандидат на коалицијата „Храбро за Македонија“, Стевчо Јакимовски.

– И Османи и Таравари цело време викаат дека нема да прават Влада со тој што нема да ги внесе Бугарите во Устав и нема да гласа да се бира претседател во Собрание. Ни СДСМ, ни ВМРО-ДПМНЕ, ќутат јунаците.
Ќе излезете ли еднаш да кажете дека нема уцени да трпите, тоа го бара народот од нас, да се сплотиме, истакна Јакимовски.

Народот бара да се сплотиме, истакна Јакимовски и додаде дека не треба да се попушти пред ниту еден притисок од внатре и од надвор. Како мала држава мораме да се интегрираме, но со почит, истакна Јакимовски.

 – Макеоднија мора да се интегрира. Кина, Индија, Бразил се интегриират, мора и Македонија, но јас барам малку почит за мојата држава и за мојот народ. Видете, колку еден Албин Курти не можат да се спротивстават и да бидат принципиелни политичари. Народот вика „не“, тие викаат „да“. Не може така, учете малку и од Албин Курти, нагласи Јакимовски.

15 милиони Украинци се примени во ЕУ без услов, таму има и проруски, со руски сентимент, тоа е опасност за Европа, вели Јакимовски одговарајќи на прашањето како го објаснува ставот дека доколку до 2030 година не влеземе во ЕУ, треба да си бараме сопствен пат.

 – Ако бараме сопствен пат ќе имаат друг однос кон Западен Балкан. 15 милиони Украинци се примени во ЕУ без услов, таму има и проруски, со руски сентимент, тоа е опасност за Европа, што е проблем Западен Балкан. Јас не велам дека ќе се откажеме од европскиот пат, ќе останеме на тој пат но нема да биде приоритет, вели Јакимовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Орбан: Јас сум единствен кој се бори…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека тој…

Ексклузивно писмо: Франција, Италија и Германија го…

Чекорите што ги презеде Косово не ги…

Претседателката Сиљановска Давкова ќе ги прими поглаварите…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе ги…

Амбасадорите на ЕУ се согласија да забранат…

Амбасадорите на Европската унија се согласија да…

Блинкен: Русија ќе мора да ѝ плати…

Највисокиот американски дипломат го извести украинскиот претседател…