Лукаревска: СДСМ не се откажува, никогаш не сме биле поблиску до ЕУ
о прифатив предизвикот да бидам носител на листата во третата изборна единица зашто верувам во исправните политики на СДСМ. Ние знаеме да носиме храбри и осмислени одлуки, и тоа го покажавме. Работевме напорно и посветено за да стигнеме до преговори со Европската Унија, изјави Сања Лукаревска, носителка на ИЕ 3 и заменик претседателка на СДСМ.
-Никогаш не сме биле поблиску, затоа треба да продолжиме храбро и единствено, за да го направиме последниот чекор. Најтешкиот, не чека многу работа, но тоа не не плаши, затоа што сакаме и ветивме иднина за сите нас. Заедно со граѓаните поминавме три кризи. Со 9 пакети антикризни мерки не дозволивме никој да остане сам, никој не беше заборавен. И успеавме во исто време да ги зголемиме и платите и пензиите. СДСМ не се откажува, ќе го штити достоинството на пензионерите, порача таа.
-Тоа се наши родители, нашиот штит, нашата поддршка кога е најтешко, секогаш со нас и во добро и во лошо. Заслужиле и многу повеќе, рече Лукаревска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Австрија протерува четворица руски дипломати поради безбедносни…
Австриското Министерство за надворешни работи соопшти дека…
Начевски: Да не беше Заев, Филипче немаше…
Коста Начевски, долгогодишен член на СДСМ и…
ВАШИНГТОН ГО ИЗВЕСТИЛ БАГДАД ЗА МОЖЕН НАПАД…
Соединетите Американски Држави го информирале ирачкиот премиер…
Британскиот премиер ги повика граѓаните да направат…
Британскиот премиер Енди Барнам ги советуваше граѓаните…
Студент по медицина со просек 10 го…
Младиот човек тврди дека нема криминално досие,…