(Видео) Јакимовски: Македонија може да биде енергетски независна, еве како!
Добар политичар мисли на следните избори, а добар државник на следните генерации, истакна во вчерашното госрување во “Тешки муабети“ на Инфомакс претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски.
– Треба ли да се реформира образование? Деветто одделение деца не знаат азбука, треба ли да преземеме нешто? Можно ли е само петки да има, прво во образованието треба да биде знаењето, второ да создадеме кадар што ни треба, трето да ги наградиме оние кои се во образованието, да не сакаат да си заминат од државата.
Второ, треба ли да се среди здравството? Нели е хипокризија специјализантите на 30 години да работат, да лечат пациенти, да немаат здравствено осигурување, а да имаат плата да си купат семки. Имаме лекари од внатрешноста, треба ли тоа дете да плати кирија? Има ли граѓанин што ќе се спротивстави на покачување на придонесот за здравството, тоа ќе значи нови методи, нова опрема, поголеми плати… Тоа е македонска перспектива!
Има ли денеска луѓе што не одат на работа и земаат плата? Имаме на 26 деца една негователка, порано децата и се образоваа и се згрижуваа и се воспитуваа, сега првите две ги нема. Овци се згрижуваат, како ги третираме ние децата? Таму кај што имаме вишок во институции, фино некој ќе каже госпоѓо или госпоѓице, ќе одите ќе си земете сертификат и ќе одите во градинка. Правник проблем ли е во најмала рака да биде истражител? Како може да нема луѓе, а по министерствата си седат дома? Ќе одат ќе бидат затворски чувари, полицајци, ќе си поминат обука.
Што е проблемот да смислиме и да нарачаме готови проекти за 50 милијарди евра? Замислете да имаме пруга 250 километри на час? За три часа сте во Будимпешта, живееш во Скопје, работиш во Гевгелија.
Македонија може да биде енергетски независна, ако се направат сите мали хидро-централи, ако се направи Чебрен-Галиште, Бошков Мост, Вардарска долина… Тоа значи дека Вардар ќе биде пловен, поврзување со Дунав, излез на Море! – истакна Јакимовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…
Во Хрватска е уапсен е градежен работник…
Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен…
360 степени: (Не)скриени актери во Македонија потпалуваат…
Повеќе интернет-портали и фејсбук-страници на македонски јазик…
Сиљановска: Убедени сме дека Македонија има многу…
Билатералните односи меѓу Македонија и Индија да…
Мицкоски за инвестициите во дата центри: Ние…
Се обидуваме да ја развиваме државата, да…