Во два одделни случаи, двајца пешаци прегазени во Скопје – со тешки повреди се пренесени во болница
Вчера во два одделни случаи двајца пешаци се прегазени на територијата на Скопје. Од МВР велат дека првиот случај настанал во 17 часот додека вторио е околу 20 часот. И во двата случаи пешаците со тешки телесни повреди се однесени во болница.
На 19.04.2024 околу 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Кочо Рацин“ во Скопје, патничко возило „опел инсигниа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.В.(62) од Скопје, удрило во пешакот К.П.(67) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.П., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
Околу 20.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на надвозникот кој води кон Раштански пат – Скопје од автопатот, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.И.(31) од Скопје, удрило во пешакот И.З.(59) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британскиот премиер ги повика граѓаните да направат…
Британскиот премиер Енди Барнам ги советуваше граѓаните…
Студент по медицина со просек 10 го…
Младиот човек тврди дека нема криминално досие,…
Меланија Трамп издејствува прекин на огнот меѓу…
Меланија Трамп, сопругата на американскиот претседател Доналд…
Бугарија пред претседателски избори: Безбедноста на Црното…
Бугарија во недела, на 25 октомври, ќе…
Нафтата се приближува до 117 долари: Силен…
Цените на нафтата продолжуваат нагло да растат,…