Објавено на:

(Видео) Невреме со грмотевици и силен ветер во западна, централна и јужна Турција

t

Невреме со грмотевици денеска ја зафати западна и централна Турција. Силен дожд врне во многу турски окрузи, вклучувајќи ги Истанбул, Анкара и Анталија.

Жолто ниво за опасно време придружено со невреме и обилни врнежи за денеска објави Турската метеоролошка служба за вкупно 45 окрузи во земјата.

Во Анкара врне обилен дожд, придружен со силен ветер.

Во Истанбул, поради силниот ветер, откорнати се дрвја, а причинета е материјална штета на автомобилите паркирани наоколу, јавува турската телевизија НТВ.

Во морето кај Измир се формираше торнадо.

Брзината на ветрот достигна 118 км/ч во туристичкото место Кемер во Анталија, каде во невремето паднаа дрвја, јави ТВ НТВ.

Ситуацијата во округот Анталија останува сложена. Во морето се формираа големи бранови, а во голем број населени места во околината обилниот дожд предизвика проблеми во сообраќајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кинеските технолошки гиганти нарачале чипови од „Нвидиа“…

„БајтДенс“, „Алибаба“ и „Тенсент“ нарачале повеќе од…

Италија испраќа 500 војници во Милано по…

Италијанските власти планираат распоредување 500 војници во…

Вашингтон го отстранува DeepSeek од државните системи:…

Американското Министерство за домашна безбедност нареди отстранување…

САД ѝ се заканија на ЕУ со…

Американскиот амбасадор во Европската Унија, Ендрју Паздер,…

Турција го испрати во парламент одбранбениот пакт…

Турција го доставила на парламентарна ратификација одбранбениот…