Европски фронт: Мицкоски почна коалиции со сите антиевропски и антиалбански центри
Чувствувајќи го длабокиот пораз на 24 април и 8 мај, ВМРО и Мицкоски започнаа коалиции со сите антиевропски и антиалбански центри во Северна Македонија, велат од Европскиот фронт.
Оттаму наведуваат и дека единствена закана на Мицкоски е опасноста од ДУИ и Европскиот фронт, па помош бара дури и од Левица на Апасиев и ЗНАМ на Димитриевски, се наведува во соопштение од Европскиот фронт.
„Мицкоски на последните два митинга и подаде рака на Левица, бидејќи веќе е убеден дека Европскиот фронт ќе биде клучот за формирање на идната Влада. Исто така, убеден е дека и албанската опозиција ќе биде голем губитник и поради оваа причина сега се свртува кон Ванковска и Апасиев, двете главни фигури на руската политика во Северна Македонија“, пишува во соопштението од Европскиот фронт.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кинеските технолошки гиганти нарачале чипови од „Нвидиа“…
„БајтДенс“, „Алибаба“ и „Тенсент“ нарачале повеќе од…
Италија испраќа 500 војници во Милано по…
Италијанските власти планираат распоредување 500 војници во…
Вашингтон го отстранува DeepSeek од државните системи:…
Американското Министерство за домашна безбедност нареди отстранување…
САД ѝ се заканија на ЕУ со…
Американскиот амбасадор во Европската Унија, Ендрју Паздер,…
Турција го испрати во парламент одбранбениот пакт…
Турција го доставила на парламентарна ратификација одбранбениот…