(Видео) Курти ги повика сите етнички заедници да учествуваат во пописот: Општеството ни е богато затоа што и вие сте дел од нас
Косовскиот премиер Албин Курти ги повика сите граѓани да се пријават и на тој начин да учествуваат во статистичката евиденција, која, како што вели, е моќна изјава за идентитетот, правата и местото на секој граѓанин во косовското општество.
„Почитувани сограѓани од српската, бошњачката, турската, ашкалиската, египќанската, ромската и горанската заедница,
Пред две недели започна еден од најважните зафати за нашата земја: Пописот на населението, домаќинствата и становите. Пописот се одржува на секои 10 години и ја дефинира следната деценија пред нас. Сечие учество не е само статистички рекорд, тоа е моќна изјава за идентитетот, правата и местото на секој граѓанин во нашето општество“, рече Курти во видеото објавено на Фејсбук.
Тој додаде дека пописот не е само бирократска вежба, туку механизам преку кој се обликуваат политиките и се распределуваат ресурси за да се обезбеди секој граѓанин, без разлика на етничката или верската припадност, да ја добие поддршката и услугите што ги заслужува.
„Врз основа на пописот, државниот буџет се дели и распределува. Неговите резултати ги одредуваат државните развојни и социјалните политики, инвестициите во вашите заедници, субвенциите за вашата поддршка, инфраструктурните проекти, програмите и социјалните здравствени услуги. Само со целосна и точна регистрација ќе знајте најдобро колку градинки и училишта ви се потребни, колку културни, рекреативни и спортски простори треба да се планираат во служба на вашите заедници, кои социјални програми и политики одговараат на вашите потреби и слично“, нагласи Курти.
Тој посочи дека регистрацијата е официјална документација за составот на косовското општество.
„Неговите резултати потоа стануваат одраз на нашите политики и одговорност на државата и нашите институции. Попишувачите ќе одат од врата до врата. Повелете ги бидејќи сте добри домаќини. Немнозинските заедници се вредноста и идентитетот на нашата земја. Нашето општество е богат затоа што и вие сте дел од него, затоа не се двоумете, регистрирајте се“, заклучи Курти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Србија е загрижена поради поддршката на Црна…
Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…
Косово ќе прифати до 50 мигранти од…
Косовската влада денес одлучи да прифати до…
КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција ја спроведуваат…
Припадници на КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција…
Германија бара од Србија да соработува со…
Германската амбасада во Приштина објави дека српските…