Ако се штеди, во што повеќе – во денари или во евра?!

t

Парите кои македонските граѓани ги чуваат во домашните банки успеаја да ја надминат странската валута, односно денарот го надмина еврото, барем кога станува збор за штедење во банка. Најновите податоци за штедните влогови на нашето граѓанство, како што објави порталот Пари, кои ги објави Народна банка на Македонија, говорат дека домаќинствата конечно, можеби и за прв пат во историјата на земјава, во домашните банки повеќе чуваат денари отколку евра.

Иако станува збор за мала и можеби незначителна разлика, факт е дека заштедите во денари сега се на поголем износ од оној што го чуваат домашните банки во странска валута. На крајот на март годинава, домаќинствата во домашните банки во денари чувале 2,888 милијарди евра, наспроти 2,879 милијарди евра колку што изнесувале депозитите во странска валута.

Разликата е скромни 8,5 милиони евра на страната на денарите, што, иако мала сума, можеби говори за еден позитивен тренд за штедење во домашната валута. Денарите повеќе пораснале во март во однос на февруари годинава, наспроти штедењето во странска валута, каде што е регистриран пад. Повеќе на Пари.мк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ПРЕД КЛИНИЧКИ: Смачкани се…

Тешка сообраќајна несреќа вечерва се случи на…

Словенечки политичар нападнат на јавен собир!

Главниот кандидат на Словенечката народна партија (СЛС)…

„Вашингтон пост“: Русија демонстрира воена и економска…

И покрај очекувањата на Западот, Русија успеа…

Ветерот и Сонцето произведоа рекордни 22 отсто…

Прегледот на глобалната енергетска  состојба покажа дека…

Мисијата на Србија во ОН апелира до…

Вршителот на должноста во Постојаната мисија на…