Објавено на:

Хаос во Ерменија: На протестот за разграничување со Азербејџан приведени 100 луѓе

t

Ерменската полиција приведе до 100 демонстранти кои го блокираа сообраќајот во Ереван поради договорот на ерменскиот премиер Никол Пашинјан да отстапи неколку погранични области на соседен Азербејџан.

Полицијата насилно ги растера демонстрантите кои го блокираа сообраќајот во центарот на градот, откако тие одбија наредба да се разотидат, пренесува Ројтерс.

На состанокот на претставниците на Баку и Ереван на 19 април беше постигнат прелиминарен договор за демаркација во близина на осум погранични села.

Во вторник беше поставен првиот граничен премин на границата меѓу Азербејџан и Ерменија, согласно договорите за определување на државната граница.

Преминот е поставен како дел од работата за дефинирање на координатите врз основа на геодетски мерења на површината, пренесува агенцијата Азертас, повикувајќи се на службата на вицепремиерот на Азербејџан, Шахин Мустафајев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Франција изгуби контрола над делови на…

Полицијата употреби солзавец и шок-бомби врз демонстрантите…

Членови на ЗНАМ се пишале Албанци за…

Од кога вработување во администрација е нова…

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК: Противзаконски користел буџетски…

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Гевгелија,…

Нова заканувачка изјава на Медведев: НАТО нѐ…

Во случај Украина да користи ракети со…

Русија останува отворена за дијалог со Западот

Русија останува отворена за дијалог за безбедност…