Објавено на:

Лукашенко: Украина ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори

t

Украина наскоро ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори, изјави белорускиот претседател Александар Лукашенко на седницата на Националното собрание на Белорусија.

Тој додаде дека сега е најдобрата ситуација за склучување мир во Украина, бидејќи ако Киев не почне сега да преговара, ќе ја загуби својата државност.

Според него, ситуацијата на украинскиот фронт во моментов е во ќорсокак и се создадени услови за мировни преговори.

Лукашенко оцени дека договорите постигнати на преговорите во Истанбул минатата година можат да станат почетна точка за преговори.

Осврнувајќи се на уште еден пакет американска помош за Киев, белорускиот лидер истакна дека американската помош од 60 милијарди долари за војната во Украина е најважниот фактор за ескалацијата.

„Западот го претвори Киев во зависник од дрога, кој го држи на краток синџир со ветувања за ново оружје и финансирање“, посочи Лукашенко.

Според него, на вооружените сили на Украина им недостасува не само муниција, туку и луѓе.

Тој истакна дека тие пари САД морале да ги испратат во Киев, бидејќи тоа е шанса да ги ослабат Москва и Минск.

„Затоа ќе испорачуваат ракети и други работи. Но, им недостигаат луѓе. Луѓето бегаат од војна“, нагласи белорускиот лидер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЦИНТУЛА ПРИЗНА ВИНА ЗА АТЕНТАТОТ ВРЗ ФИЦО:…

Осомничениот за нападот врз словачкиот премиер Јурај…

(Во живо) ДИК ја соопшува финалната одлука

Државната изборна комисија во моментов одржува прес-конференција…

Кривична за градоначалник кој делел буџетски пари…

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Гевгелија,…

Бебе почина во охридската болница, било донесено…

Деветмесечно бебе почина во Општата болница во…

Градежни работници го пронашле колегата починат

Градежни работници, кои извршувале градежни работи на…